Со наслов „Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид се подготвени за Суперкупот во Скопје – но зошто тој е во Македонија?“, популарниот англиски магазин Дејли Меил пишува за организацијата на овој настан во нашата земја и прашањата што се појавуваат по неговото доделување токму во Скопје.
„Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид ќе ја кренат завесата во нивната сезона со тоа што ќе се борат во пеколот во вторник за Супер Купот. Превисоките температури кои лебдат околу 40 степени Целзиусови, се очекува да ги дочекаат тимовите во Националната арена Филип II во Македонија – не најидеалните услови за тимот на Жозе Мурињо пред почетокот на Премиер Лигата против Вест Хем во неделата“, пишува новинарот Џек Безантс за Дејли Меил, опишувајќи ги деталите за местото на одигрување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ОД МОНАКО ВО МАКЕДОНИЈА
„Стадионот Луј II во Монако традиционално беше домаќин на Супер Купот до 2013 година. Потоа, УЕФА одлучи да ги ротира местата и минатата година ја избра Националната Арена Филип II Скопје, главниот град на Македонија“, пишува Дејли Меил додавајќи дека ова е прв голем настан што ќе се одржи во земјата.
КОЛКАВ Е КАПАЦИТЕТОТ НА СТАДИОНОТ?
Има 33.460 места за навивачите на стадионот, кој беше реконструиран во 2009 година и со оглед на името што го има сега – претходно беше познат како Градскиот стадион, пишува магазинот додавајќи дека тука беше одржано ЕП за девојки под 19г во 2010г. Најголемите критики се за временските прилики и за неверојатните за британски услови 40 степени целзиусови кои ќе бидат голем проблем на момците на Мурињо.
Целата статија на Дејли Меил прочитајте ја ОВДЕ