Дома Топ вести Екс-дефанзивец на Челзи му порача на Палмер: Оди во Барселона!

Екс-дефанзивец на Челзи му порача на Палмер: Оди во Барселона!

Кол Палмер е еден од најважните фудбалери на Челзи, така беше минатата сезона, така е и со Енцо Мареска оваа сезона.

Палмер стана една од најголемите ѕвезди на англискиот фудбал во Челзи откако се пресели од „Етихад“ на Бриџ, но сега прашање е дали ќе успее да освојува трофеи со овој клуб покрај великаните на англискиот фудбал.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Поранешниот дефанзивец на Челзи, Вилијам Галас, зборуваше за Палмер и истакна дека за него најдобро би било да ја промени средината, а како идеален клуб ја истакна Барселона.

„Барселона може да биде одличен клуб за него, тие веќе имаат одличен млад играч во Јамал ​​и можеби ќе го доведат Нико Вилијамс. Се чини дека Палмер ќе има слична сезона како минатата година, па нема да ме изненади ако разговара со раководството на клубот ако не освојат ниту еден трофеј“, рече Галас.

Сепак овој трансфер е малку веројатен бидјеќи договорот на Палмер верувале или не важи уште девет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Си замина од Интер поради ПСЖ, а сега не е среќен и може да се врати во Серија А?

Поранешниот капитен на Интер, Милан Шкрињар, не сакаше да го продолжи договорот со нероазу…