Дома Фудбал Германија Дефанзивецот на Борусија призна: Разговарав со Алегри!

Дефанзивецот на Борусија призна: Разговарав со Алегри!

Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Сократис Папастатопулос призна дека имал разговор со тренерот на Јувентус, Макс Алегри во однос на можноста да се пресели во редовите на италијанскиот шампион.

Јувентус после заминувањето на Леонардо Бонучи е во потрага по квалитетен дефанзивец, а Сократис е едно од имињата кое се поврзува со „бјанконерите“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Грчкиот дефанзивец соработуваше со Алегри во Милан, па италијанскиот стратег одлично ги познава неговите квалитети.

„Со Алегри се познаваме од времето кога заедно бевме во Милан. Имав разговор со него, но тоа не значи ништо. Јас разговарам со многу луѓе. Јас сум професионалец и ќе продолжам да давам 100% од себе за мојот тим“, изјави Сократис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Проблеми во Манчестер сити: Шпанецот со фотографија докажа дека Гвардиола лажел!

Бразилецот Савињо, кој е десно крило, го очекува својот трансфер од Манчестер сити. Во тек…