Дома Трансфер зона Дефанзивецот го напушта Јуве, замената пристигнува од Лондон?

Дефанзивецот го напушта Јуве, замената пристигнува од Лондон?

Како што пренесува италијанскиот новинар на порталот „Goal.com“, Ромео Агрести, Леонардо Спинакола до крајот на месецот би можел да ги напушти редовите на „Старата дама“.

Имено, младиот дефанзивец не усепа да се избори за вистинска шанса во Торино, имаше и проблем со повредите, па „Бјанконерите“ би можеле да го испратат на позајмица во Болоња до крајот на сезоната. Доколку тоа се случи, на  ќе му биде потребен уште еден лев бек на располагање, па така на радарот на Јуве се најде левиот бек на Челзи, Емерсон Палмиери.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Бразилецот го загуби местото во Рома поради повреда и доаѓањето на Коларов, пред година дена го засили Челзи, но не се наигра во Лондон. Оваа сезона запиша само 13 минути во Премиер лигата, во Лигата на Европа стартуваше на пет натпревари, но јасно е дека Алонсо има апсолутна предност под водство на Сари.

Јуве сака да го искористи тоа, подготвени се да го откупат од „Сините“ за на долга стаза да имаат квалитетна алтернатива за Алекс Сандро. Челзи од Рома го доведе за 20 милиони евра, а ќе видиме колку сега вреди Бразилецот со италијански пасош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…