Пред неколку дена беше најавен новиот проект за изградба на новиот стадион во Струмица, „Благој Истатов“. Денес за официјалната страна на клубот првиот човек на Беласица Славчо Васков детално го претстави целиот проект.
Како што тој самиот потврди очекувањата се стадионот да има капацитет од 8.000 столчиња и да чини околу 25 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Капацитетот на стадионот е предвиден да биде за 8.000 столчиња, со тоа ги исполнуваме категориите 3 и 4 на УЕФА за одигрување меѓународни натпревари на нашиот стадион, пред се тука мислам на натпреварите на репрезентација. Ако го донесеме прокетот до завршна фаза тоа ќе биде главна фигура во градот и целиот град ќе има многу бенефити. Ова не е краен проект, во иден проект има и простор за надоградувања, измени, доградувања…Предвидено е проектот да чини околу 25 милиони евра“.
„Проектот треба да биде еден голем споменик во Струмица, градот ќе може да се пофали со него. Стадионот е проектиран по сите УЕФА и ФИФА стандарди во соработка со ФФМ и овој проект практично е доградба на веќе започнатиот проект на покојниот Ванчо Таковски (поранешниот прв човек на Беласица)“, изјави помеѓу другото претседателот на Беласица Славчо Васков.
Видео: ФК Беласица