Дома Фудбал Италија Детали од средбата на играчите на Јувентус со навивачите: Ги поздравивте Наполитанците, зошто не и нас?

Детали од средбата на играчите на Јувентус со навивачите: Ги поздравивте Наполитанците, зошто не и нас?

Вчерашниот тренинг на Јувентус беше обележан со присуството на навивачите и за тоа веќе пренесовме, но сега во медиумите излегуваат и детали од средбата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пишуваат италијанските медиуми, незадоволните навивачи побарале објаснување од навивачите зошто после поразот од Наполи го поздравиле противникот, но не и своите навивачите.

„Ве чекавме, ги поздравивте Наполитанците, но дојдовте кај нас. Зошто?“, запршаа навивачите.

Одговор следел од капитенот Џанулиџи Буфон кој им се извинил.

„Погрешивме, но во тие моменти бевме толку лути што не размислувавме на ништо друго. Јас играчите на Наполи ги поздравив бидејќи тоа се прави вообичаено, а и тие нас ни честитаа кога ги победивме во првиот натпревар оваа сезона. Покажаа поголема желба за победа и затоа победија“, зборувал Буфон.

Со навивачите разговарале уште Џорџо Киелини, Клаудио Маркизио и Паоло Дибала.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…