Барселона синоќа славеше во Кадиз со 0-4, но натпреварот беше во прекин повеќе од половина час откако навивач за време на натпреварот доживеа срцев удар.
Во 81-та минута од натпреварот, судијата слушна свирежи и извици од трибините, па набрзо сфати дека нешто не е в ред и дека на еден од фановите итно му е потребна медицинска помош.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Натпреварот беше прекинат и двете медицински екипи истрчаа да му помогнат на навивачот кој колабирал. Подоцна дојдоа и членови на Итна помош и за среќа навивачот е во болница во добра состојба.
Еден од хероите беше голманот на домашната екипа Ледесма, кој истрча да земе преносен дефибрилатор и им го донесе на лекарите.
Исто така, еден од хероите е и член на медицинскиот тим на Кадиз кој прв реагирал и му пришол на повредениот навивач. Она што ги воодушеви сите е тоа што докторот истрча на трибината иако ногата му беше скршена, но успеа да му го спаси животот на човекот.
The doctor with a broken leg who ran to the collapsed supporter received applause
— Diario Calcio (@DiarioCalcio) September 10, 2022
REAL HERO#CadizBarca #Barcelona #Cadiz pic.twitter.com/08Hd5x7vTY