Дома Фудбал Италија Десеткуваниот Милан против Каљари за враќање на лидерската позиција

Десеткуваниот Милан против Каљари за враќање на лидерската позиција

Последниот натпревар од 18-то коло на италијанската Серија А ќе се игра во Сардинија каде што Каљари ќе го дочека тимот на Милан. Овој дуел е закажан за вечер во 20 и 45 минути.

Каљари: Лоша сезона за екипата од Сардинија!

Малку кој очекуваше дека Каљари ќе прикажува толку лоши партии оваа сезона, но за жал ситуацијата е таква што овој тим се наоѓа на првото безбедно место кое на крајот на шампионатот носи опстанок во лигата и имаат само еден бод повеќе од Торино кој се наоѓа на позиција која води во Серија Б. Многу лошо игра екипата од Сардинија во последно време, па така на последните четири дуели запишаа исто толку и порази, а последен пат тоа се случи во последното коло кога овој тим изгуби на гостувањето кај Фиорентина со минимални 1-0. Кога се во прашање натпреварите на домашен терен, Каљари досега изигра осум натпревари и остварија само две победи, а останатите натпревари ги запишаа како две реми и четири порази.

Можат ли Росонерите да стигнат до победа на тешкото гостување?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Росонерите оваа сезона после неколку сушни години конечно личат на една поприлично сериозна екипа, а тоа нас без никаков сомнеж ни го покажува лидерската позиција. И покрај тоа што имаат исто бодови со градскиот ривал Интер, предност е за Милан што има еден натпревар помалку, па веруваме дека силно ќе бидат мотивирани за да победат на овој дуел. Во минатото коло избраниците на Пиоли го совладаа Торино со 2-0 и тоа беше 12-ти триумф за црвено-црните. Што се однесува до натпреварите на гости, Милан досега изигра осум дуели и убедливо се најдобра гостинска екипата во лигата, бидејќи досега остварија седум победи и едно реми кај Џенова каде што изиграа со резултат 2-2.Сега тренерот Пиоли се соочува со големи кадровски проблеми бидејќи четворица важни фудбалери се позтивни на Ковид (Ребиќ, Круниќ, Тео Хернандес и Чалханоглу), повредени се Бенасер и Габија, а Рафаел Леоа е суспендиран за овој меч.

Наш предлог

Каљари важи за добар домаќин, но оваа сезона не им цутат рози, а тоа Милан веруваме дека ќе го искористи. Како прв предлог ви нудиме 2 со квота 1.66 во 1xBet, додека љубителите на голови може да испробаат со 3+ за што ќе си добијат квота 1.60 во истата обложувалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…