Премиер лигата уште во првото коло стартува со големо дерби, па денес на „Стенфорд Бриџ“ силите ќе ги одмерат Челзи и Манчестер Сити.
Што може Челзи оваа сезона?
Челзи имаше уште една лоша ужасна сезона и остана на средината на табелата и обезбеди пласман во Лигата на Конференции, иако имаше огромни вложувања. На крајот сметката ја плати Покетино кој доби отказ, а на негово место дојде Мареска. Ова лето на „Стенфорд Бриџ“ пристигнаа нови засилувања, но впечоток е дека клубот работи без одредена концепција и стратегија, а доказ за тоа е што во моментов тимот располага со скоро 50 фудбалери. Поради тоа Челзи оваа сезона е целосна непознаница и тешко е да се предвидат крајните домети, иако „сините“ секогаш атакуваат на врвот. На новиот тренер ќе му треба време да направи добра селекција и да изгради тим, а трансфер пазарот не е завршен и се очекуваат нови засилувања. Челзи на домашен терен е секогап опасен и сигурно има квалитет да го победи секој тим, а дуелот со актуелниот шампион ќе биде сериозен тест за „сините“.
Не можеше потежок старт за шампионот
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити минатата сезона иако имаше многу проблеми со повредени играчи, сепак на крајот дојде до титулата со што покажа дека е нејкомплетен тим во Англија. Тимот на Гвардиола веќе има шампионски менталитет кој го немаат другите, па освои шест од послдните седум титули во Премиер лигата. „Граѓаните“ покрај што имаат квалитет знаат да играат најдобро кога е најпотребно, но гостувањето на „Стенфорд Бриџ“ е секогаш проблем за нив. Минатата сезона гледавме спектакл кој заврши со резултат 4:4, па и оваа сезона на Сити воопшто нема да му биде лесно да победи, иако е фаворит на овој мел. Сити главно го задржи костурот на тимот, но замина Хулијан Алварез, па Пеп мора да донесе адекватна замена во нападот.
Очекување
Кога играат овие два тима секогаш очекуваме многу голови, па така и овој пат веруваме дека ќе биде неизвесен, но ефикасен меч.