Дома Најава Дерби на денот Аргентина – Исланд: Гаучосите ќе го топат мразот уште на старт!

Дерби на денот Аргентина – Исланд: Гаучосите ќе го топат мразот уште на старт!

Аргентина - Исланд

Во првото коло од групата Д во Москва се сретнуваат актуелниот вицешампион на светот, Аргентина и дебитантот на Мундијалот, Исланд.

Аргентина:  Меси и дружината во поход да ја оправдаат улогата на големи фаворити на Мундијалот

Гаучосите се секогаш во кругот на фаворит на светските  првенства уште од 1978 година кога во својот Буенос Аирес го освоија насловот првак во светот. Некогаш имаа многу ѕвезди, а сега го имааат Лионел Меси. Разочарувањето поради неосвојување на титули на најголемите натпреварувања, напаѓачот на Барселона не го крие, а тоа оптеретување може да биде катастрофално во Русија. Далеку од тоа дека блескаа во контролните натпревари, а се уште им „жежи образот“ од шпанскиот шамар и поразот од 6:1. Сепак квалитет постои, таков што за Икарди да нема место.  Дали Аргентинците ќе успеат? Тоа ќе го видиме во наредните неколку дена.

Исланд: „Песната мраз и оган“ во изведна на викинзите од најсеверниот остров


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Исланд е дебитант на Светското првенство, но не и на големите натпреварувања, бидејќи пред две години имаше учество на Европското првенство во Франција. Времињата се менуваат, пред дваесет години беше невоможно да се замисли фудбалка репрезентација од Островот на север да биде дел од големо натпреварување, но и тоа го дочекавме. Нивните очекувања не се претерени, но се способни за големи дела. Ќе ги бодрат многу навивачи, па ако некој планира освојувачки поход на островот сега е вистински момент, бидејќи мал број Исланѓани ќе бидат дома. Прашањето е колку е спремен нивниот најдобар фудбалер Сигурдсон, а ако не игра, нивната кожа скапо ќе биде продадена на Меси и Гаучосите.

Наш предлог:

Исланѓаните беа неубедливи во пријателските натпревари и примија многу голови, а на последните четири дури 11. Сепак, сметаме дека Аргентина ќе постигне барем два гола, а на натпреварот ќе има најмалку 3. Победата за Гаучосите може да биде заверена уште во првото полувреме.

Според обложувалницата од 1xBet, Аргентина е голем фаворит. За нивна победа коефициентот е 1.35, додека за Исланд коефициентот е 10.50. Ако биде нерешено,  влогот ќе ви се помножи со 5.30. Очекуваниот прелаз 1/1 има вредност 1.95, а за х-1 коефициентот е 4.30. Доколку сакате да играте на голови, коефициентот за 3+ е 1.89, додека за Гол – Гол вредноста е дури 2.33.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Најава

Проверете

Баерн – Лајпциг, најголема квота на свет 1,55 – Mozzart

Никаде на планетата нема да најдете поголеми квоти и на ПСЖ, Ајакс, Партизан, Бенфика, Лив…