Мемфис Депај и Морган Шнедерлин ќе можат да го напуштат Манчестер Јунајтед во јануари и двајцата во „пакет“ да се преселат во Евертон, пренесуваат англисите медиуми.
Двајцата фудбалери на „црвените ѓаволи“ кои што се во немилост кај Жозе Мурињо своите кариери најверојатно ќе ги продолжат на „Гудисон Парк“.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
И двајцата пристигнаа на „Олд Трафорд“ за сулидна сума на пари во текот на летото на 2015-та, но се чини дека не успеаа ги оправдаат очекувањата, а оваа сезона комплетно паднаа во втор план кај Мурињо.
Тренерот на Евертон Роналд Куман одлично ги познава Депај, кој е негов сонародник и Шнедерлин со кого работеше во Саутемптон.
Медиумите на Островот тврдат дека двајцата можат да се преселат во Евертон на позајмица до крајот на сезоната, а следното лето „карамелите“ ќе имаат можност да ги откупат нивните договори за сума од 50 милиони евра.