Дома Фудбал Англија Ден за потписи на „Енфилд“: И Милнер го продолжи договорот

Ден за потписи на „Енфилд“: И Милнер го продолжи договорот

Откако денес менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп го продолжи договорот договорот до 2024 година, клубот објави дека Џејмс Милнер ставил потпис на договорот до 2022 година.

Искусниот 33-годишен играч за врска ја продолжи верноста со Ливерпул, па во црвениот дрес ќе го гледаме и во наредните три години.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Милнер досега одигра 198 меча за клубот, а притоа постигна 25 голови и е една од најважните фигури во тимот на Клоп.

„Среќен сум што имам привилегија да играм за овој голем клуб и да видам како Ливерпул се менува кон подобро во изминатите години. Уживам секој ден во тренинзите, во дружењето со моите соиграчи, со овој тренер и целиот стручен штаб. Разговаравме со клубот кој ми понуди и понатаму да играм во најдобрата лига, а јас ќе дадам се од себе додека можам“, истакна Милнер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тешки обвинувања: УЕФА игра во корист на Реал Мадрид, Мбапе мора да биде суспендиран!

Џанлука Престијани доби забрана за настап на натпреварот против Реал Мадрид. Иако е сè ушт…