Дома Фудбал Останато Денот кога божиќната магија ги натера Германците и Британците среде војна да играат фудбал (ФОТО+ВИДЕО)

Денот кога божиќната магија ги натера Германците и Британците среде војна да играат фудбал (ФОТО+ВИДЕО)

Овој Божиќ се слави уште една годишнина од никогаш докажаната, но според записите на некои војници еден од најнеобичните фудбалски натпревари на сите времиња.

Според зачуваните дневници, најмногу поради оној на Роберт Хамилтон каптанот на „кралскиот“ батаљон од Варвкшир се верува дека на Божиќ во 1914 година натпревар одиграле германските и англиските војници. Местото каде што се одигра бил мал град на северот на Франција, а во полн ек во тоа време била првата светска војна.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Меѓутоа на Божиќ војна немало, имало фудбал.

Се започнало така што Германците од пратките кои им стигале од дома направиле импровизирани украси, накитиле импровизирана елка и започнале да пеат божиќни песни. На Британците не им требало многу да се придружат на празничниот дух, а комуникацијата довела до тоа војниците да се сретнат на неутрална зона.

Прекинот на огнот, означил почеток на дружење.

„И така сит бевме пред неутралната зона кога здогледавме еден германски војник како шутира топка. Не ни разговаравме, а веќе започнавме да играме фудбал“, напиша сведок на случувањето Хоханес Ниеман, кој бил заповедник на британската страна.

„Не беше идеално за играње, се беше замрзнато, но ги добивме со 3:2“, тврдел германски војник.

Инаку, до денес можат да се слушнат разни приказни колку бил долг натпреварот и кој победил. Меѓутоа во целата приказна тоа не е најважно, најважна е поуката –  спортот и Божиќ спојуваат!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…