Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Инс смета дека деновите на Погба на „Олд Трафорд“ се одброени поради јавниот конфликт со тренерот Жозе Мурињо.
Инс истакна дека во ваква ситуација легендарниот Сер Алекс Фергусон би донесол радикално решение.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сер Алекс веднаш ќе кажеше: „Пол си заминува. Ослободете се од него веднаш“. Тој не би дозволил целиот тим да страда поради еден играч. Сметам дека судбината на Погба е веќе јасна. Тој ќе си замине уште во јануари“, смета Инс.
„Не мислам дека Мурињо ќе биде отпуштен, бидејќи тоа би значело дека играчот ќе биде поставен над тренерот и тимот и раководството тоа нема да го дозволи. Тоа што го прави Погба е вистински циркус, притоа неговите настапи на теренот не се на високо ниво“, додаде Инс.
Ангиските медиуми пренсуваат дека иднината на Погба ќе биде дискутирана на средба помеѓу раководството и неговиот агент Мино Раиола во ноември.
Самиот агент ја одложил срдбата за еден месец, бидејќи очекува Мурињо да добие отказ до тогаш.