Денес 16.15 часот Барселона во дербито на 11 коло во „Ла Лига“ го пречекува големиот ривал Реал Мадрид.
„Кралевите“ се водечки во генералниот пласман со 25 бодови, колку што има и Жирона на втората позиција, а третопласирана е Барса со 24 бодови, но составот на Чави останува единствениот во шпанското првенство сезонава без пораз.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Полека, но сигурно младите фудбалери кои излегоа од школата „Ла Масија“ се развиваат во професионалци и веќе стануваат носители на играта на каталонскиот гигант. Но, што се однесува до работите надвор од теренот, оние поврзани со здравјето на тимот, ситуацијата за Барса не е баш сјајна.
Тренерот Чави на располагање ќе го има Рафиња, како и Жоао Феликс, чиј оток на зглобот е намален. Жоао Феликс повреди на крајот од мечот со Шахтјор во Лигата на шампионите, со болки го напушти теренот, но вели дека е подготвен за „Ел Класико“. Неизвесни се настапите на Роберт Левандовски, Педри и Френки де Јонг.
Можните стартни состави –
Барселона: Тер Штеген, Кансело, Араухо, Мартинез, Балде, Ромеу, Гундоган, Гави, Јамал, Жоао Феликс, Торес.
Реал Мадрид: Кепа, Карвахал, Рудигер, Алаба, Менди, Тшуамени, Крос, Валверде, Белингам, Родриго, Винисиус.