Француските медиуми утрово пренесуваат дека Барселона и ПСЖ денес ќе одржат клучни преговори околу трансферот на Нејмар.
Претставници на Барселона на чело со Ерик Абидал утрово отпатувале во Париз, а „Мундо Депортиво“ објави фотографија од авионот на која се гледа дека Абидал и друштвото тргнаа по Нејмар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо изјави дека преговорите напредувале, но не откри со клуб, а сега станува јасно дека тоа било Барселона.
ПСЖ сака за Нејмар да добие 200 милиони евра, сепак тешко е да се верува дека тоа ќе се случи. Од Барселона сакаат да вклучат еден играч и се очекува тоа да биде Фелипе Кутињо.
„Ле Присиен“ пренесува дека Абидал на преговори заминал со понуда од 60 милиони евра плус Кутињо, а тоа веројатно нема да биде доволно да се убеди ПСЖ.
Се очекува ПСЖ и Барса денес да го одржат клучниот разговор во кој би требало да се знае дали Нејмар ќе се врати на „Ноу Камп“.