Дома Останати Кошарка НБА Денвер се врати со серија 24:0, Јокиќ блиску до трипл-дабл, Бостон им се врати на победите (ВИДЕО)

Денвер се врати со серија 24:0, Јокиќ блиску до трипл-дабл, Бостон им се врати на победите (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа девет натпревари.

Денвер славеше против Орландо Меџик со 113:104. Екипата на Мајк Мелоун ја запиша четвртата победа во низа, 18. оваа сезона и се наоѓа на четвртото место на Западот. Орландо го претрпе вториот пораз во низа, петти во последните шест натпревари и сега е осми на Истокот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


После рамноправната борба на почетокот. Меџик во втората четвртина целосно го надигра ривалот и на полувреме водеше со 60:45. Имаше Орландо и +19 на почетокот на третата четвртна. Сепак, од тој момент Денвер заигра подобро и со серија од 24:0 стигна до предност. Од таа серија Орландо не успеа да се опорави до крајот на натпреварот.

Никола Јокиќ беше блиску до трипл-дабл со учинок од 18 поени, 12 асистенции и 9 скокови. Џамал Мареј беше најефикасен во победничкиот тим со 33 поени и пет скокови. На другата страна најдобар беше Никола Вучевиќ со 20 поени, 7 скокови и 5 асистенции.

Бостон ја прекина низата од два порази победувајќи го на гости Далас Маверикс со 103:109.

Маверикси имаа предност скоро цел натпревар, дури кон крајот на третата четвртина Бостон успеа да направи пресврт. Во последната четвртина Селтикси брзо ја зголемија предноста и во еден момент имаа и +12, па рутински го приведоа натпреварот до крајот.

Кемба Вокер беше најдобар во победничкиот тим со 32 поени, 5 скока и 3 асистенции, Џејлин Браун уфрли 26, а имаше и 9 скока, додека Џејсон Татум застана на 24 поени и 8 скокови. Кај Далас најдобар беше Кристап Порзингис со 23 поени и 3 асистенции, Сет Кари уфрли 20 поени. Бобан Марјановиќ и Лука Дончиќ не играа поради повреди. За Дончиќ ќе потсетиме оваа календарска година веројатно е завршена.

НБА резултати:

Кливленд – Шарлот 100:98

Деторит – Торонто 99:112

Филаделфија – Мајами 104:108

Вашингтон – Чикаго 109:110 (после продолженија)

Минесота – Њу Орлеанс 99:107

Оклахома – Мемфис 126:122

Денвер – Орландо 113:104

Далас – Бостон 103:109

Портланд – Голден Стејт 122:112

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…