Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни три натпревари.
Денвер запиша пораз од Њу Орлеанс со 122:107, Мајами беше подобар од Атланта со 106:97 и Клиперси запишаа триумф против Сан Антонио.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Њу Орлеанс против Денвер водеше после првото полувреме со 56:52 за во второто да направат одлична серија. Погодуваа Окафор, Лонзо Бол, Холидеј и Њу Орлеанс. Во текот на целото второто полувреме Њу Орлеанс подобро шутираше, иако со серија 10:2 Денвер успеа на почетокот на четвртатач етвртина да е доближи на шест поени (86:80). Сепак, тогаш се активираа Џо Харт, Брендон Инграм и Џалили Окафор, па Пеликанс го трасираа патот до победата.
Окафор имаше 26 поени, Инграм 25, а Френк Џексон 21. Кај Денвер дебитираше Мајкл Портер. Минатогодишниот 14-ти пик цела прва сезона ја пропушти поради повреда, а на дебито сега уфрли 15 поени, додека Никола Јокиќ додаде 13 со шест скокови и шест асистенции.
Мајами во текот на поголемиот дел од натпреварот доминираше против Атланта. Домаќинот имаше 18 поени разлика во третиот период за во последниот Атланта да се доближи на минус четири. Сепак, Мајами благодарение на Тајлер Хироу кој постигна 17 поени го затвори натпреварот. Кендри Нан беше најефикасен со 28 поени. Џабари Паркер кај Атланта стигна до 23 поени.
Клипрси на свој терен предводени од Каваи Ленард остварија триумд против Сан Антонио од 103:97. Ленард натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 38 поени, 12 скокови и една асистенција. Го следеше Харел со 24. Кај Сан Антонио најрасположени за игра беа Дерозан со 29 поени и Харел со 24.