Mладиот стопер на Јувентус, Мерих Демирал наводно е незадоволен од минутажата која ја има во Торино и според информациите од Италија спремен е уште во јануари да го напушти клубот.
Како што пренесуваат италијанските медиуми подредената улога која ја има Демирал кај Пирло може да доведе до заминување на младиот дефанзивец. Ако се изостави што девет натпревари беше отсутен поради повреда, Демирал од можни 11 натпревари за „старата дама“ одигра девет.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Основен мотив за поголем минутажа на Демирал е Европското првенство идното лето и тој не сака да го изгуби статусот на репрезентативец во репрезентативецијата на Турција.
Во Јувентус Демирал стигна пред година ипол од Сасуоло, а претходно играше за Аланија и Б тимот на лисабонски Спортинг.
Демирал важи за играч кој има потенцијал, па сигурно доколку е решен да заминува понуди сигурно нема да му недостасуваат.