Барселона денес повторно ќе се состане со претставници од ПСЖ за да го направи последниот обид за ангажман на Нејмар.
Шпанските медиуми вчера објавија дека Парижаните се спремни да го пуштат Нејмар за 100 милиони евра, но во спротивна насока да ги добие плус Дембеле и Семедо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Осман Дембеле и порано се споменување како играч кој би можел да биде дел од понудата која може да ги задоволи „светците“.
Французинот пред 2 години во рекорден трансфер стигна на Камп Ноу, но разочара, па Барса е спремна да го пушти со оглед на тоа дека правеше проблеми и надвор од теренот, а имаше и неколку повреди
Додека трае приказната околу неговото потенцијално заминување од Камп Ноу и потпис за ПСЖ, Дембеле направи нешто што додатно ги разгоре шпекулациите.
Имено, Французинот од својот Инстаграм профил ја тргна Барселона од својата биографија, а дали тоа значи дефинитивно заминување останува да видиме.
Dembele has removed 'Barcelona' from his Instagram. pic.twitter.com/tcENjUZrqk
— Reva (@VamosReva) August 27, 2019