Најскапото засилување во историјата на Барселона, Осман Дембеле призна дека одбил да тренира со Борусија Дортмуд за да изврши притисок на „милионерите“ да го пуштат на „Камп Ноу“.
Дембеле одби да тренира со тимо, Дортмунд минатиот месец ги суспендираше поради тоа, но Французинот не жали што искористил такво средства за да се реализира трансферот.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
„Се зависеше од преговорите помеѓу Барса и Борусија. Јас требаше да бидам трпелив и да чекам. Одлучив да престанам да одам на тренинзи и барав изговори. Ако не го направев тој притисок можеби сега немаше да бидам во Барса и сега ќе жалев поради тоа“, објасни Дембеле.
Барселона го сакаше и минатото лето, но Дембеле тогаш се одлучи за Борусија Дортмунд.
„Сакав да учам, да играм Лига на шампиони, да се запознаам со врвните натпреварувања и да играм во голем клуб. Сакав да играм редовно и да се развивам. Во Барса ќе можев да учам на тренинзи, но немаше да имам толкава минутажа. За среќа, Барса се јави и по втор пат и не можев да го пропуштам овој воз“, заклучи младиот Французин.