Дома Трансфер зона Дембеле на продажба, Барса ја одреди цената

Дембеле на продажба, Барса ја одреди цената

Барселона е спремна да се раздели ова лето од Осман Дембеле. „Марка“ пренесува дека Каталонците се спремни да прифатат понуда од 60 милиони евра.

Осман Дембеле летото 2017 година како големо засилување пристигна во Барселона од редовите на Борусија Дортмунд.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Каталонскиот клуб за овој 22 годишен играч издвои неверојатни 140 милиони евра со што го направи втор најскап играч во историјата на Барселона. Од Дембеле очекуваа да биде замена за Нејмар, но тој во целост потфрли.

Дембеле има големи проблеми со повредите, но и со однесувањето кое не му е за пофалба. Французинот и во моментов е повреден и за него оваа сезона е завршена.

Барселона повеќе нема трпение со него и спремни се да го продадат доколку некој клуб понуди „само“ 60 милиони евра.

Премиерлигашите Челзи, Ливерпул и Манчестер Јунајтед внамателно ја следат ситуацијата и ќе се борат за неговиот потпис бидејќи се спремни да ја платат бараната сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …