Поранешниот капитен на Јувентус Алесандро Дел Пиеро во интервјува сајтот на УЕФА разговораше на неколку теми поврзани со Јувентус.
Паоло Дибала е еден од лидерите на денешниот тим на Јувентус, а Дел Пиеро проговори за споредбата со Аргентинецот кога во прашање се слободните удари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дибала? Сигурен сум дека сум подобар во изведувањето на слободни удари, но Паоло е млад и има време да напредува и да стане подобар од мене. Јас уживав, но моето време заврши. Време е Дибала да заблеска. Му посакувам се најдобро“.
„Џиџи Буфон? Сите чекаат конечно да стигне до трофејот во Лигата на шампионите, но без разлика на тоа за мене тој е број еден“, изјави Дел Пиеро.
? Abbiamo parlato con… @delpieroale!
2 domande flash e un messaggio ai tifosi della @juventusfc ⚪⚫@PauDybala_JR: sei d'accordo che calcia meglio lui le punizioni? ?#UCL #Juventus pic.twitter.com/DNjlZRaJpx— La UEFA (@UEFAcom_it) March 19, 2018