Дома Фудбал Англија Делофеу со ремек дело најави драма – Вотфорд со пресврт и преку продолженија до финале со Сити! (ВИДЕО)

Делофеу со ремек дело најави драма – Вотфорд со пресврт и преку продолженија до финале со Сити! (ВИДЕО)

Eкипата од Бирмингем имаше два гола предност.

Фудбалерите на Вотфорд се изборија за финале во англискиот ФА Куп откако на „Вембли“ го совладаа тимот на Вулверхемптон со 3:2 после продолженија.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


После неколку прилики на двете страни до гол стигнаа гостите во 36-тата минута кога Мет Доерти ја искористи асистенцијата Јота и ја погоди мрежата на Гомеш.

Во продолжение тимот на Еспирто Санто играше многу подобро и заслужено стигна до нов гол во 62-та минута. Доерти овој пат беше асистент, а стрелец Раул Хименез.

Вотфорд резултатот успеа да го намали во 79-тата минута кога Делофеу со магичен лоб го матираше немоќниот Руди, а тоа беше само вовед во драматична завршница.

Трој Дини беше централна фигура кога во 94-тата минута се избори за прекршок во казнетиот простор, а најстрогата казна самиот ја претвори во гол.

Екипата на Хавиер Гарсија до целосен пресврт стигна во 104-тата минута кога Делофеу уште еднаш го совлада противничкиот голман после асистенција од Греј за голема радост на навивачите на Вотфорд.

Вотфорд во финалето за трофејот во најстарото англиско натпреварувае ќе игра против Манчестер Сити кој вчера беше подобар од Брајтон со минимален резултат 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Јувентус договори уште едно големо засилување

Јувентус е исклучително активен на трансфер пазарот ова лето и е на добар пат да го обезбе…