Финансискиот фер-плеј и ветото од Кина за големо вложувања им ги врзаа рацете на оперативците на „нераѕурите“ во зимскиот преоден рок.
Од Пасторе и Микхатријан, нема ништо , најверојатно ниту од Делофеу кого Барса сака да го пушти само на позајмица со обврска за откуп.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поради тоа Интер ги промени метите тие сега се свртени кон други решенија Во прв план кај управата на миланскиот клуб се Рафиња Алкантара и Андре Шурле! Двајцата се вишок во своите клубови кои веројатно со задоволство би ги испратиле на позајмица.
Шурле е незадоволен во Дортмунд, соопштено му беше дека ќе добива шанса само од клупата, а преку својот агент ги известил „милионерите“ дека сака да го напушти клубот. До овој момент интерес за неговите услуги покажаа Евертон, Вест Хем и Штугарт.
Слична е и ситуацијата со Рафиња. Валверде не смета на него, а минатото лето беше понуден на Милан и Интер. После доаѓањето на Кутињо и враќањето на терените н Дембеле, за Рафиња јасно е дека нема место во Барса. Проблем е што беше долго време повреден, но ако ништо друго сигурно би бил поефтин, што за Интер во овој момент и тоа како е важно.
Третата опција е Симоне Верди од Болоња кој е желба и Наполи. Лидерот во Серија А веќе испрати понуда од 28 милиони евра за Верди, Болоња ја прифати, но фудбалерот одби да се пресели во Неапол.