Стојан Дончиќ е брат на дедото на кошаркарската ѕвезда Лука Дончиќ. Стојан живее во Косово и посакува да го види Лука како шутира на кошот кој го имаат во дворот.
Во изјавата за српските медиуми тој откри и дека имало можност Дончиќ да настапува за Србија. Пречка за неговото доаѓање како што вели тој сега е Далас, клубот сметал дека во овој момент не е безедно Лука да оди на Косово.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Лука е наша крв и скоро секогаш го гледаме, полно ми е срцето кога го гледам. Многу често се случува да ме прашуваат што ми е Лука, но не се фалам со него. Се слушаме од време на време, има многу обврски. Можеше да игра за Србија, но тие не го сакаа, мислеа дека нема да биде голем кошаркар. Лука сака да дојде на Косово, меѓутоа клубот во овој момент му забранува такво нешто сметајќи дека не е безбедно. Сакам да дочекам да го видам како шутира на кошот во нашиот двор“, изјавил Стојан Дончиќ.