Иако во финалето не блескаше со играта, веќе никој не се сомнева дека Лука Дончиќ е најдобриот млад кошаркар на нашето време во светски рамки, откако со својата Словенија го освои европското кошаркарско првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, освен врз него, во финалиот дуел со Србија, како и во текот на целото првенство, очите беа вперени и врз неговата прекрасна девојка Анамарија Голтес.
Анамарија има 19 години, што значи дека е една година повозрасна од Лука, а во врска се речиси две години. Убавата манекенка доаѓа од Загорија, на Сава, а младиот кошаркарски ас редовно го следи на неговите натпревари.