Познатата италијанска новинарка Иларија Д’Aмико која од 2014 година е во љубовна врска со Џанлуиџи Буфон направи голем гаф при најавувањето на новата сезона во Лигата на шампионите која официјално започна вчера.
Илариа е заштитно лице на „Скај Спорт“ за Лигата на шампионите, а по повод на стартот на новата сезона во најелитното клупско натпреварување во Европа даде интервју за „Газета дело Спорт“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутотоа никој не очекуваше дека тоа интервју многу брзо може да стане предмет на исмевање од страна на италијанската јавност.
„Во моите соништа гледам како ПСЖ ја освојува титулата, пред се затоа што сакам да го видам Џиџи во едно финале со поинаква завршница“, призна Иларија која потоа го спомна – Челзи
„Но, во финалето ги гледам Јувентус и Манчестер Сити или Манчестер Сити и Челзи. За мене Јувентус е фаворит, но не треба да се отпише ниту Челзи кој под водство на Сари изгра одлично“.
Илариа е во право со тоа дека Челзи игра одлично и ништо не би било чудно во нејзината изјава доколку „сините“ оваа сезона не се натпреваруваа во Лигата на Европа.