Младиот српски репрезентативец Јан Карло Симиќ имаше незаборавно деби во дресот на Милан.
Симиќ не само што дебитираше на 18 години за италијанскиот гигант, туку успеа да постигне гол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Така тој стана третиот најмлад стрелец за Милан во последните 30 години, а неговите родители на трибините не можеа да го задржат солзите.
Симиќ е роден во Германија од мајка Србинка и татко Босанец, има само 18 години, а во Милан дојде во 2022 од Штутгарт за еден милион евра.
Famiglia Simic 🥺 pic.twitter.com/SWtLbjBrFx
— LP (@iamLP9) December 17, 2023