Дома Фудбал Две ѕвезди на Манчестер Сити позитивни на Ковид

Две ѕвезди на Манчестер Сити позитивни на Ковид

Крилниот фудбалер на Манчестер Сити, Ријад Марез и дефанзивецот Емерик Лапорт се позитивни на Ковид 19, соопшти денес клубот.

Манчестер Сити потврди дека и двајцата фудбалери имале позитивни тестови, немаат никакви симптоми, но ќе ги почитуваат протоколите за самоизолација.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Сите во клубот им посакуваат на Ријад и Емерик брзо оздравување и што побразо враќање на обврските во клубот“, соопштија од Манчестер Сити.

Сезоната во Премиер лигата започнува на 12 септември, но тимот на Гвардиола првиот меч ќе го игра на 21 септември против Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…