Приоритет на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми пренесуваат дека Серхио Агуеро нема да го продолжи договорот со Сити и на лето ќе си замина како слободен агент, а Гвардиола бара негов наследник.
Прва желба на „граѓаните“ е Лионел Меси, но тој засега нема решено каде ќе ја продолжи кариерата. Во овој момент Аргентинецот е поблиску до ПСЖ, па клубот разгледува алтернативи.
Гвардиола е симпатизер на двете ѕвезди на Интер, Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку, па ќе се обиде еден од нив на лето да донесе на „Етихад“.
Интер има големи финансиски проблеми, па Сити сака тоа да го искористи и веќе спремил богата понуда.