Дома Трансфер зона Два клуба го сакаат Бејл, Реал спремен да ги слушне понудите

Два клуба го сакаат Бејл, Реал спремен да ги слушне понудите

Ѕведата на Реал Мадрид, Герет Бејл доби две понуди и тоа од клубови од МЛС лигата, Интер Мајами и ЛА Галакси.

Овие два тима од МЛС лигата бараат ѕвезда која ќе биде заштитно лице и сериозно се заинтересирани за Герет Бејл.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Реал Мадрид веќе подолго време сака да го продаде Велшанецот и да се ослободи од неговата висока плата. Весникот „АС“ тврди дека „кралевите“ се спремни да ги слушнат понудите и да го продадат Бејл уште во зимскиот преоден рок.

Клубовите од МЛС наводно доставиле понуди кои Бејл нема да може да ги одбие, а според последните информации Велшанецот е поблиску до Интер Мајами.

Бејл пристигна во Реал Мадрид во 2013 година и до сега има 245 настапи за „кралевите“ на кои постигна 104 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…