Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали е спремен на крајот на сезоната да ја промени средината и да се пресели во Премиер лигата.
Најсилен интерес за него покажува Челзи, кој на лето сака да донесе најмалку еден квалитетен дефанзивец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сините“ на лето готово сигурно ќе останат без Рудигер, па се во потрага по дефанзивец, а Кулибали е на врвот на листата желби.
Интерес за Сенегалецот покажува и Манчестер Јунајтед, бидејќи „црвените ѓаволи“ веруваат дека ќе биде идеален партнер за Варан.
30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата.
Англиските клубови стапиле во контакт со агентот на Кулибали и ја започнале битката за неговиот потпис.