Дома Трансфер зона Двата клуба од Премиер лигата во борба за фудбалерот на Милан

Двата клуба од Премиер лигата во борба за фудбалерот на Милан

Како што пренесуваат италијанските медиуми, играчот за врска на Милан, Хакан Чалханоглу наскоро би можел да ја промени средината.

Турчинот во последно време не игра добро, поради тоа на „Сан Сиро“ почнаа да ја разгледуваат можноста да го продадат. Сега два клуба од Премиер лигата покажаа интерес за него, станува збор за Лестер и Вест Хем.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Брендан Роџерс и Пелегрини бараат атрактивни засилвуања за следната сезона, на двајцата им се допадна турскиот репрезентативец и ќе се обидат да го доведат во своите редови ова лето. „Росонерите“ наводно за услугите на поранешнот играч на Баер Леверкузен бараат 30 милиони евра, веруваат дека за тие пари би можеле да најдат адекватна замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фелипе Кутињо пред враќање во поранешниот клуб

Бразилецот, Фелипе Кутињо е пред враќање во редовите на Васко Де Гама, клубот каде што ја …