Дома Фудбал Англија Да! Ова е Ливерпул каков Англија не видела 30 години (видео)

Да! Ова е Ливерпул каков Англија не видела 30 години (видео)

Тимот на Ливерпул оваа сезона изгледа навистина незапирливо, па вечерва уште еднаш демонтрираше сила над првиот пратител над табелата, тимот на Лестер.

„Црвените“ одиграа уште една маестрална партија и со високи 4:0 го победија Лестер на „Кинг Пауер“, па испратија уште една порака дека ова е генерацијата која навивачите ја чекаа цели 30 години.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Лестер добро го отвори мечот, почна самоуверено и нападна од самиот старт, а тоа создаде простор за убиствените контри на Ливерпул. Првата голема шанса ја имаше Салах кој го помина и голманот, но не ја смести топката во голот.

Веќе во 31-та минута Александер Арнолд испрати фантастична топка до Фирмињо, кој погоди за водство од 1:0, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел Ливерпул комплетно домонираше, па во период од 71-та до 78-та минута го реши мечот со уште три гола. Најпрвин Милнер од пенал, потоа Фирмињо и на крајот Александер Арнолд со гол ја круниса маестралната партија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …