Дома Фудбал Да, знаеме Малком – сонуваше да играш за Барселона како дете…

Да, знаеме Малком – сонуваше да играш за Барселона како дете…

Бразилецот Малком денес беше претставен како нов фудбалер на Барселона, а потоа следуваше добро познатата изјава која веќе навикнавме да ја слушаме во фудбалскиот свет.

Малком како дете сонувал да игра за Барселона…

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Среќен сум што сум тука, како дете сонував вакво нешто. Тешко да се стигне до клуб каков што е Барселона. Ќе се обидам да го дадам најдоброто од себе“, изјави Малком.

Малком во Барселона дојде од Бордо, а неговиот трансфер беше навистина контроверезен, со оглед дека еден ден пред трансферот во Барселона, беше потврдено дела ќе се пресели во Рома.

„Секогаш сум бил опуштен за тоа. Моите претставници се грижат за таквите работи и договорите“, гласеше одговорот на Малком.

На крајот Бразилецот истакна задоволство и што ќе има прилика да игра со Лионел Меси, за кого кажа дека е најдобар фудбалер во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Сити го критикуваат Халанд: Подобри сме без тебе

Навивачите на Манчестер Сити изразија жестока критика кон напаѓачот Ерлинг Халанд, откако …