Дома Фудбал Англија Дани Велбек се огласи после тешката повреда (ФОТО)

Дани Велбек се огласи после тешката повреда (ФОТО)

Напаѓачот на Арсенал, Дани Велбек заработи тешка повреда во натпреварот против Спортинг Лисабон.

Велбек по еден дуел со противнички играч го повреди зглобот и мораше на носилки да биде изнесен од теренот. Поради тешката повреда на Велбек му беа направени две операции, а одредени најави одеа толку далеку што се пишуваше за крај на кариерата на напаѓачот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сега Велбек се огласи на Твитер и искажа благодарност на поддршката, но и најави негово враќање на теренот.

„Се вратив дома…Благодарен сум на целата љубов и поддршка. Ќе се вратам посилен од било кога. Закрепнувањето започнува“, гласи пораката на Велбек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Почина поранешна фудбалерка на Арсенал и Челзи по долга и тешка болест

Ејми Кер, поранешната играчка на Челзи и Арсенал, почина на 35 години по борба со тумор. К…