Дома Фудбал Останато Дани Алвеш: Париз е град преполн со расисти!

Дани Алвеш: Париз е град преполн со расисти!

Легендарниот бразилски фудбалер, Дани Алвеш проговори за својот престој во Париз и истакна дека воопшто не му се допаѓа Франција.

Дани Алвеш две години играше за Пари Сент Жермен и одлучи да не ја продолжува соработката, па ова лето се врати во родниот Бразил.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Париз е навистина стресен град, не ми се допаѓа многу. Ако одите во Париз на една недела, тоа ќе биде авантура на вашиот живот, но ако седите повеќе од тоа, ќе се заморите и нема да го сакате“, истакна Алвеш.

„Париз ме потсетува на Сао Паоло, со тоа што во Париз има многу ебе*и расисти. Има навистина многу расисти. На мене не ми правеа ништо, бидејќи ако се обидеа нешто, знаеја дека ќе им кажам да се еб*т. Но, видов како тоа го прават со мои пријатели“, раскажа Бразилецот и со оваа негова изјава сигурно ги налути Французите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Александар Митровиќ во Манчестер Јунајтед? Се најавува трансфер на кариерата

Александар Митровиќ, најдобриот голгетер во историјата на фудбалската репрезентација на Ср…