Дома Фудбал Останато Дани Алвеш: Би можел да бидам ѕвезда во овој Милан!

Дани Алвеш: Би можел да бидам ѕвезда во овој Милан!

Бразилскиот десен бек, Дани Алвеш е убеден дека иако има 38 години би можел да биде ѕвезда во сегашниот Милан.

Дани Алвеш мометално настапува во својата татковина во дресот на Сао Паоло, но смета дека без проблем би можел да игра во некои европски гиганти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Јас би бил ѕвезда во денешниот Милан. Возраста е само бројка и јас се уште можам да играм на високо ниво. Сакам да се борам, да играм фудбал и да освојувам трофеи. Порано трчав по 12 километри на меч, сега можам да трчам по 8 километри“, изјави Алвеш.

„Сигурен сум дека не сакам да се срамам од фактот дека сум на терен. Кога веќе нема да можам да играм, ќе ја завршам кариерата“, додаде Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Манчестер Сити активно работи на трансферот на Антоан Семењо, кој ќе се обиде да го финали…