Дома Фудбал Англија Дали Челзи ќе може да купува во јануари?

Дали Челзи ќе може да купува во јануари?

Арбитражниот суд за спорт во Лозана (КАС) на 20-ти ноември ќе ја разгледува жалбата на Челзи, пренесува „Скај спорт“.

Клубот од Лондон ја оспорува забраната за регистрација на нови играчи, па „сините“ се надеваат дека ембаргото ќе падне и ќе можат да купуваат играчи во јануари.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


„Сините“ добија забрана за ангажирање на нови играчи за период од една година заради кршење на правилата за потпишување на млади фудбалери. Конкретно, клубот беше обвинет за влијанието на трети страни врз играчите, што е забрането со прописите.

Исто така, англискиот клуб е казнет со 470 илјади фунти. Во Челзи очекуваат позитивна судска пресуда и се надеваат дека ќе може да се стекнат со нови играчи веќе во зимскиот преоден рок. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…