Дома Фудбал Останато Дали ФИФА вчера намерно го понижи Роналдо?

Дали ФИФА вчера намерно го понижи Роналдо?

ФИФА вчера ги подели наградите за најдобрите во изминатата година, а изборот помина според очекувањата, без изненадувања. За најдобар фудбалер беше прогласен Лионел Меси.

Во текот на траењето на церемонијата на видео бимот одеше промотивно спот на кој беа прикажани претходните добитници на наградата, а меѓу нив беше и Кристијано Роналдо. Тука немаше да има ништо необично ако во тоа видео Роналдо не беше прикажан како седи на клупата за резерви на Ал Наср.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Повторно не го почитуваа Роналдо, ова не е првпат“

„Не е добро што ФИФА не ги почотува легендите на светскиот фудбал“.

„Сигурно од толку голови на Роналдо, немаше потреба од прикажување ваков момент, сигурно не беше случајност“.

Се само дел од коментарите на социјалните мрежи. Сепак, Роналдо веќе подолг период и не е во најдобар однос со ФИФА, а тоа го покажа и Португалецот бидејќи иако имаше право како капитен на Португалија да гласа, одби да го направи тоа (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…