Реал Мадрид се спрема за натпреварот против Лас Палмас кој на програмата е утре на „Сантиаго Бернабеу“ во рамките на 25-то коло од Примера.
„Кралевите“ минатото коло го совладаа Виљареал во еден контроверзен натпревар кој го одбележија неколку судиски грешки.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После тој натпревар во Шпанија се покрена полемика дека Реал Мадрид е подпомогнат од судиите, па денес Зидан одговори на таквите обвинувања.
„Секој може да каже што сака, но тоа не е вистина. Се што постигнавме до сега беше на терен и ако треба да полемизираме, ние тоа ќе го направиме на тревникот. Исто така сакам да потенцирам дека сум горд на своите играчи, кои секогаш ги почитуваат судиите. Реал Мадрид секогаш бил професионален и имал респект кон сите и тоа така ќе остане“, изјави Зидан.