Дома Фудбал Останато Дали Рома во редовите на лутиот ривал го пронајде наследникот на Мончи?

Дали Рома во редовите на лутиот ривал го пронајде наследникот на Мончи?

Во моментов петопласираната екипа во Серија А, Рома на крајот од сезоната би можела да остане без спортски директор.

Во последно време странските медиуми се повеќе шпекулираат за заминувањето на Мончи од Рома. Овој Шпанец, ако може да веруваме на странските медиуми, својата успешна спортска директорска фунцкција ќе ја продолжи на Островот, поточно во Арсенал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дека оваа приказна не е без покрив денеска пишуваат и од Италија според кои Рома веќе бара наследник на Мончи. Наводно желба е Пиеро Аусилија, кој во моментов работи во Интер, каде што е десна рака на директорот на Интер, Бепе Марота.

Покрај Аусилија на листата на желби на Рома се наоѓа и поранешниот спортски директор на Милан, Масимилијано Мирабели и спортскиот директор на Парма, Даниеле Фаџиано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона и Жирона се договорија за Тер Штеген

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, постигнал усмен договор за негово преминувањ…