Реал повторно не победи и јасно е дека веќе сега ќе започнат сомневањата во тимот на Зидан, после првите три кола, „кралевите“ освоија пет бода, две нерешени средби на домашен терен, без Роналдо не оди.
Покрај тоа на Реал му следи тешко гостување на „Аноета“, освен без Роналдо, Зидан не ќе може да смета и на суспендираниот Марсело, а се повреди и Бензема.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но, ова не е најлошиот старт во историјата на Реал и тоа ги охрабрува навивачите. Имено, во 2001 година, Реал Мадрид после три кола освои само еден бод. Започнаа со пораз на „Местаља“, потоа следуваше репрезентативната пауза, па бод од „Бернабеу“ однесе Малага, веднаш потоа Реал запиша и пораз од Севиља, интересно е што во овој пораз Зинедин Зидан го постигна првенецот во дресот на Реал.
Кога заврши годината, Реал беше трект во шампионатот, зад Валенсија и Ла Коруња, но пред Барселона. Во финалето на купот беа поразено од Ла Коруња, но сезоната ја заврешија со деветата титула шампион на Европа.
Во Глазагов пресуди ремек-делото на Зидан во натпреварот против Баер Леверкузен каде што „кралевите“ како што споменавме станаа европски шампион.