Дома Фудбал Италија Дали претера? Лукаку жестоко го нападна Јувентус

Дали претера? Лукаку жестоко го нападна Јувентус

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку упати жестоки критики кон актуелниот лидер во Серија А, Јувентус.

Белгиецот зборуваше за актуеланата ситуација во Италија и изјави дека фудбалот во Италија бил запрен дури кога еден фудбалер на Јувентус се заболел од коронавирусот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ругани беше позитивен на коронавирус само два дена после дербито помеѓу Јувентус и Интер и тогаш официјално беше стопиран фудбалот во Италија.

„Здравјето е на прво место. Зошто да играме кога постојат луѓе кои ги ризикуваат животите? Дали играчот на Јувентус мораше да биде позитивен за се да се запре, дали тоа е нормално? Не , тоа не е нормално“, изјави Лукаку.

„Признавам дека ми недостасува фудбалот, но сега најважно е здравјето. Се друго останува на второ место“, додаде Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…