Дома Фудбал Италија Дали ова е крајот на кариерата на Ибрахимовиќ?

Дали ова е крајот на кариерата на Ибрахимовиќ?

Златан Ибрахимовиќ во последниот период се соочува со сериозни проблеми со повреди, па со оглед на неговите години се поставува и прашањето дали веќе ја завршува својата кариера.

Ибрахимовиќ се врати од повреда и се очекуваше да биде во конкуренција за последниот натпревар на Милан против Лече, но Швеѓанецот повторно се повреди на загревањето.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Не беше познато колку ќе паузира Ибрахимовиќ, а денес пристигнуваат разочарувачки вести.

Повредата на мускулот која ја заработил Ибрахимовиќ воопшто не е наивна и според последните најави ќе паузира најмалку еден месец. Тоа значи дека практично за него сезонава е завршена.

Милан многу веројатно нема да му го продолжи договорот, се најавуваше дека може да се пресели во Монца кај Берлускони, но по оваа ситуација и тоа е малку веројатно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Што се случува со Мбапе?

Килијан Мбапе не постигна гол, а Реал Мадрид забележа пораз. Во суштина, ова е краткиот оп…