Дома Фудбал Останато Дали Меси најави повлекување од репрезентацијата?

Дали Меси најави повлекување од репрезентацијата?

Аргентина во еден резултатски неважен натпревар ја победи Венецуела со 3:0 во претпоследната рунда од квалификациите за Светското првенство, стрелци на головите беа Нико Гонзалес, Анхел Ди Марија и Лионел Меси.

Најголемо внимание после натпреварот привлече изјавата на Лионел Меси која може да се сфати како најава за повлекување од репрезентацијата.

„После Светското првенство во Катар ќе размислам за многу работи. Се надевам дека националниот тим ќе оствари добар резултат. Секогаш за националниот тим сум играл со големо задоволство, сега моите мисли во мечот со Еквадор на 30. март“, изјави Меси.

Ќе потсетиме, Меси веќе еднаш се повлече од репрезентацијата, но потоа го убедија да се врати и продолжи да го носи сино-белиот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салах и екипата нема да го менуваат тренерот, Трабзонспор ја поништи оставката

Фудбалскиот клуб Трабзонспор соопшти дека ја одбил оставката на тренерот Фатих Теке, која …