Аргентинската репрезентација во вторникот гостуваше во Боливија во оквирот на квалификациите за Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После мечот со Боловија, Меси заврши со репрезентативните обврски и веќе во среда се врати во Барселона.
„Мундо Депортиво“ откри дека Меси пристигнал во Барселона околу 16 часот со приватен авион, а со него заедно бил и Лаутаро Мартинез, кој потоа со друг лет заминал за Милано.
Познато е дека Лаутаро ова лето беше главна желба на Барселона, но на крајот остана во Интер. Меѓутоа, шпекулациите се уште се силни, па весникот тврди дека Меси го убедува да дојде на „Камп Ноу“.
Агентот на аргентинскиот напаѓач не сакаше да ги коментира овие вести, со образложение дека Лаутаро е играч на Интер и тоа би било непочитување кон миланскиот гигант.