Дома Топ вести Дали е ова реално? Саутемптон ја одреди цената за Ван Дијк

Дали е ова реално? Саутемптон ја одреди цената за Ван Дијк

Раководството на Саутемптон е спремно во јануарскиот преоден рок да го продаде својот најдобар фудбалер, Вирџил ван Дијк, пренесуваат италијанските медиуми.

26-годишниот Холанѓанец во летото беше цел на многу европски гиганти, пред се на Ливерпул, но трансферот на се реализираше.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Менаџерот на Саутемптон викендот го изостави Ван Дијк за мечот против Хадерсфилд, а тоа го објасни со ротација.

Меѓутоа, извори близки до клубот пренесуваат дека во Саутемптон се помириле со продажба на својот најдобар фудбалер и се спремни да го пуштат за сума од 70 милиони фунти.

За Ван Дијк покрај Ливерпул интерес покажуваат уште Манчестер Сити и Челзи, па остануав да видиме дали некој од овие клубови е спремен да ја плати оваа сума.

Доколку трансферот се реализира, тогаш Холаѓанецот ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…