Златан Ибрахимовиќ се уште не пронашол нов ангажман.
Имено, Ибрахимовиќ се поврзува со повеќе клубови, а изгледа дека постои можност за еден навистина чуден трансфер. Неодамна Силвио Берлускони јавно го повика Ибрахимовиќ во неговата Монца која се натпреварува во третата лига во Италија. Овој трансфер навистина не изгледа реално, но сега и тренерот на Монца, Кристијан Броки потврди дека разговори имало.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Точно е дека Берлускони и Галијани разговараа за доведување на Ибра. Имаше сериозни теми, но не знам ништо повеќе“, изјави Бројки, кој исто така е поранешен играч на Милан.
Во овој момент најреално изгледа Ибрахимовиќ да се врати во Милан, иако во последните денови се појави и можност поради Карло Анчелоти да го избере Евертон.